дели (св. и несв.)

— Ти ваму, ти таму, нѐ делат, нѐ двојат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ми направиш полошо, му велам, ало, шест илјади километри нѐ делат!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И животните ја делат судбината на луѓето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако сакате и ако можете, славете го заедно со нас Христовото воскреснување и делете ја заедно со нас таа радост...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Заедно ја делевме судбината, ние живеевме со козите, како што би рекле вие, „бескласно”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во моментот нѐ делеа близу триста километри и не можев битно да ѝ помогнам, ако воопшто јас можев во тој поглед нешто да ѝ помогнам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мермер црвен, сиви дамки, празни души, лист вртат на друга страна, домот на правдата се гуши, неправда додека дели.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Малку е тоа што ние ја пролевавме крвта на нашиот народ за туѓите, па и за интересите на нашите непријатели, но со нашата крв и со разорувањето ќе се восползуваат нашите непријатели од слободните државички за да продолжуваат со своите религиозни и национални пропаганди да нѐ делат на спротивставени и непријателски лагери: Срби, Грци и Бугари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи делењето е вештачко и од борбата со него најнапред ќе треба да се зафати нашата нова работа во понатамошниот развиток на нашето национално самосознавање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Првиот чекор се вика сегментација и во него целата површина се дели на сегменти кои се кандидати за различни смислени целини на сликата.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Поодиле внатре како кај нас и дошле до едно место од кај што започнувале да се делат штрковите по вилаетите.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Варуна е твојот спасител сега Нека не бега самосвеста од твоето измачено тело Не е нова веста дека ништо не е сосема бело Митра ти што правдини делиш за секого исто Биди ми водич на моето несвесно Јас Ти кој ја познаваш магијата на духот Во дослух со мојот ум Всади ми почит Во очи со вистината
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Писателот што ја поседуваше книгата му рече дека книжевните пикантерии не сака да ги дели со други.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Делењето е вештачки создадено од балканските државички со намера да ја делат Македонија со стекот на околностите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ги оставивме пљачките и се вративме кај оградата што ги дели машкиот и женскиот логор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Три дена делевме само по еден грст суво грозје и ни наизлегоа јагрлци и нициња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој мене конечно ме прежале уште успеа да ме дупне кога ја делевме татковата стока.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ќе се делат пакети и ќе застанеш и ти со нив да чекаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дојде џип да ме земе и сега пак ќе се делам со детево.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Им ја дели мислата и остава празнина во нивното матно чувство за слобода.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе